Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче
ПОЛИТИКА

Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче

Објавено January 8, 2025 22:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ вели дека поранешни функционери на партијата „стојат на страна и се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори“. Според него, поголемиот дел ја прифатиле иницијативата за соработка.

„Во изминатиот период, најголем дел од мојата енергија и време ги посветив на лични разговори со сите поранешни партиски функционери, членови и луѓе кои некогаш беа важен дел од СДСМ. Јас верувам дека партијата е најсилна кога сите сме обединети и работиме заедно за заедничка цел. Токму затоа немам задршка да разговарам со сите и да најдам начин за соработка – не заради мене, туку заради доброто на СДСМ и граѓаните кои ја поддржуваат нашата визија. На сите им е подадена рака и отворена е вратата за дијалог и соработка. Драго ми е што мнозинството од поранешните функционери ја прифатија оваа иницијатива и сега работиме заедно на зајакнување на партијата. Имам исклучително добра соработка со многумина“, вели Филипче.

„За жал, има мал број поранешни функционери кои одлучиле да стојат настрана. Некои од нив се надеваат дека СДСМ ќе оствари лош резултат на локалните избори, па тие ќе можат политички да профитираат или да бараат одговорност од актуелното раководство. Овој пристап е нечесен, нефер и пред сè штетен – не за мене или раководството, туку за партијата и сите граѓани кои ја поддржуваат СДСМ“, вели Филипче во интервјуто за „Независен“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сега е јасно зошто Трамп сака да го земе Гренланд: Под мразот се крие вистинско богатство
Следна Статија „Девојко, ти веќе не си гувернер на Канада“ му одговори Маск на Трудо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Гласеше…

February 24, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со генералниот…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?