Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите
ПОЛИТИКА

Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите

Објавено August 17, 2025 18:42
Сподели
Сподели

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

„Партизацијата на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се полнат со партиски кадри. Младите немаат шанса дома да ја градат својата иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја уништува последната надеж кај младите дека можат да се вработат според знаење и квалификации,“ рече таа.

Таа укажа и на алармантните податоци за намалување на бројот на вработени лица за над 17.000 луѓе од 2024 година наваму:

„Ова не се само алармантни бројки. Тоа е вистината зад илјадници човечки судбини, за нашите млади кои заминуваат, за уништени надежи за иднина во сопствената земја,“ рече заменик-претседателката на СДСМ.

Каранфилова Пановска потсети дека помина повеќе од една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта а ниту едно од ветувањата за младите не се исполнети.

„Младите се заборавени и маргинализирани. Европската перспектива на земјата е целосно блокирана, иднината неизвесна. Погрешните политики на власта допринесуваат иселувањето на младите да се засилува“ нагласи Каранфилова-Пановска.

Заменик претседателката истакна дека СДСМ е партијата која секогаш стои на страната на младите.

„СДСМ верува во вас, во вашата енергија, знаење и идеи. Ние сме тука да ви отвориме врати во партијата, да ве слушаме и да ви овозможиме да бидете двигатели на промените во општеството,“ порача таа.

„Македонија мора да биде земја во која успехот зависи од способноста и знаењето, а не волјата на власта. Заедно ќе се бориме за оваа цел “ потенцираше Каранфилова-Пановска во своето обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто немаше вакви немири во Македонија, прашува Вучиќ во обид да објасни што се случува во Србија
Следна Статија Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски за Изборниот законик: Дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина

СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи…

July 2, 2026
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Владата му порача на Ахмети дека помина времето на политичка шизофренија

Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата…

May 3, 2025
ПОЛИТИКА

Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рушење на СДСМ – вели Кузеска

Нема да успеат обидите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова денеска на прес-конференција го порача…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?