Касами за односот со Таравари: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

- Advertisement -

Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, вели во интервју за РСЕ, Биљал Касами, претседателот на БЕСА за неговиот партнер во ВЛЕН, Арбен Таравари по несогласувањата во коалицијата и критиките од лидерот на Алијанса за Албанците за нејзиното функционирање како дел од Владата.

Господине Касами, меѓупартистските односи во ВЛЕН изминати во две недели, буквално ја брануваат јавността. Колкави се шансите од денешна перспектива коалицијата заеднички да настапи на претстојните локални избори или сепак е можно Таравари да го напушти ВЛЕН?

Јас уште верувам дека има реални шанси ние да продолжиме заедно, затоа што ценам дека прво вредноста на секој од партиите, дел од Влен, е поголема како дел од коалицијата отколку кога би била надвор. Ние сме се обиделе порано, секој поединично, до го предизвикаме Али Ахмети и ДУИ и не сме успеале. Успеавме само кога станавме заедно.

Така да, се надевам дека ова ќе завладее кај секој член на оваа коалиција и на крај ќе излеземе со заеднички став дека тоа што беше целта за да бидеме заедно – и понатаму останува истата цел. ДУИ уште го нема дадено одговорот на 20 години коруптивно, криминално владеење со државата и непретставување на Албанците.

Почна да дава отчет. Кога требаше тоа да продолжи, излезе и ова, јас ќе кажам како молња од ведро небо за нас особено, што некој имал контакт, имал комуникација и цени дека треба да се продолжи комуникацијата со Али Ахмети и со ДУИ.

Вие лично сте имале комуникација?

Не. Значи, јас сум го кажал тоа неколку пати. Јас ценам дека Али Ахмети треба да одговара за тоа што им го направи на Албанците, за злоупотребата на позициите на неговите функционери, на неговите блиски членови на фамилијата. ДУИ треба длабоко да се реформира, па од после треба да видиме за можни канали на комуникација.

Меџити буквално даде еден ултиматум за Таравари побразо да одлучи – дали ќе остане во коалицијата ВЛЕН или ќе продолжат преговорите со ДУИ. Без Таравари, реално колку тежи ВЛЕН?

Јас ценам дека ВЛЕН тежи… да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука. Од друга страна, со секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре. Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе во случајот со коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“. Во случајот, мислам дека ВЛЕН ќе продолжи уште посилно.

Јас тоа не го гледам како ултиматум, затоа што од моментот кога ние сме се соединиле, сме ги знаелe принципите на коалицијата. Тоа е дека ние сме тука да ги средиме грешките на ДУИ, односно функционерите на ДУИ кои згрешиле на државата, на народот, на Албанците, треба да одговарат за тоа.

Повеќе на РСЕ

https://www.slobodnaevropa.mk/a/vlen-tetovo-izbori-/33383261.html

Сподели ја оваа статија