Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници
ПОЛИТИКА

Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници

Објавено April 17, 2025 14:05
Сподели
Сподели

Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините. Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата „Вреди“ со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници.

– Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција „Вреди“ одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција, изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.

Според него, владиното мнозинство може и да се зголеми.

– Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо, одговори Касами на денешните новинарски прашања за политичките теми по настан од општината

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот на шоубизот во 2025 година
Следна Статија Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Алијанса за Албанците оди во опозиција

Лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендер, обвинуваат од СДСМ. Опозициската партија тврди дека од државни институции и…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме…

October 15, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?