Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“
ПОЛИТИКА

Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Објавено May 20, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса за Албанците, Касами рече дека таа партија е една која е дел од коалицијата „Вреди“ и во иднина ќе биде дел од истоимената заедничка партија.

-Една е Алијанса за Албанците, таа што е дел од коалицијата „Вреди“, има процедури од правен аспект кои се во судска постапка. Ние се надеваме дека тоа брзо ќе заврши во интерес на вистинската да кажам Алијанса на Албанците. Но, за нас важно е каде се гласачите на АА, а гласачите на Алијанса на Албанците се како дел од „Вреди“ за тоа што беа важен чинител на победата во парламентарните избори. Од формален аспект, веќе е донесена одлука да „Вреди“ стане политичка партија и политички субјект. Така да за нас е многу помалку важно, дали ги имаат печатите или не, за нас е важно гласачите на Алијанса на Албанците да бидат таму кај што беа на последните парламентарни избори, рече Биљал Касами по настан во Тетово каде беше во својство на градоначалник.

Прашан кој ќе ги замени тие што поднесоа оставка во Владата, Касами рече дека во тек се консултации со премиерот.

Овие денови ќе се знаат имињата на министри, заменик министри. За нас е тоа важен процес, затоа што министерството за здравство е многу важно министерство за да имаме резултати кои сме ги нуделе на граѓаните на последните парламентарни избори. Само индивидуи кои соработуваат на некој начин или форма со ДУИ не се добредојдени, но ние цениме дека Алијанса на Албанците и сите кои сакаат да останат во Алијанса на Албанците и следователно на тоа и на Вреди, се добредојдени. Така да веќе почна тоа како процедура, рече Касами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По прекинот со струја, денес прекин и на телефонските и интернет врските во Шпанија
Следна Статија Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели,…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси

По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања…

January 3, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во својот говор во Чаир, се осврна на тврдењата на одредени политичари…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на Фондот за иновации од СДС го оштетиле за над 400.000 евра

Во трите случаи за кои ФИТР поднесе кривична пријава против двајцата поранешни директори, утврдено е неправилно користење на парите од…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?