Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?
ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Објавено October 29, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Фатмир Дехари.

-Прво не сметам дека имаше дисциплинирање, напротив, ние треба да го имаме во предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена една таква изјава и самиот контекст во кој отпосле беше пренесена како изјава што после целосно ја извади од суштинската идеја, кога беше дадена како таква знаејќи дека нашите опоненти се обидоа на максимум овие избори да ја отворат етничката карта и целата таа изјава која беше, би рекол искрена што се однесува на целата ситуација беше политички погрешно интерпретирана. Тоа што сакам да го објаснам во врска со моите политички ставови кои веќе ги објасни коалицијата ВЛЕН, но кои се во врска со моите ставови или мојата позиција на политичката сцена, сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам и еден таков конкретен кандидат како што е Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ кој додека владееше во Кичево не им донесе ниту едно добро на кичевчани и како таков придружуван и од некои снимки или прислушкувања кои се појавија на социјалните мрежи покажува дека тој кандидат на Кичево и на кичевчани им донесе само дегенерирање, им донесе рушење и ништо добро и покрај фактот што ние би подржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил еден подобар кандидат за сите граѓани, во овој случај на Кичево, не можеме да застанеме позади еден кандидат кој ДУИ од моментот кога го извади, го извади за да го изгуби Кичево, рече тој.

Новинарка го праша дали ретерира од изјавата дадена во Албанија.

-Не, јас велам дека поради тоа што јас сум градоначалник на Тетово и додека сум градоначалник на Тетово за мене сите граѓани на Тетово се исти. Значи јас сум го побарал гласот на Албанците, Македонците, Турците, Ромите и сите мои граѓани и сум работел за сите мои граѓани. Тетово како космополитски град како што е препознатлив е град во кој се добро што е реализирано го уживаат сите мои граѓани и од оваа позиција јас сум сметал и сметам дека еден Албанец може да биде добар градоначалник како и некој друг граѓанин за секој град, во овој случај и за Кичево. Тоа е принципиелно како став, но конкретно за случајот на господинот Дехари знаејќи за тоа што го направи, односно што не направи за Кичево, знаејќи го тоа што излезе како прислушкување за неговото минато во аспект на моралот или неговиот неморал не неможеме да застанеме позади него само затоа што е Албанец. Ние би сакале ДУИ да избереше некој друг кандидат и сакам да и објаснам на јавноста ние како Движење Беса имавме еден кандидат и Кичево и кичевчани имаа една можност да застанат позади еден кандидат кој жртвуваше се за Кичево, но и пошироко и за Албанците, но во првиот круг кичевчани избраа еден ваков кандидат и тие знаат како ќе гласаат во вториот круг, но тоа што е моја позиција јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево и како резултат на тоа ние денес пола од Кичево го имаме надвор од градот и надвор од општина Кичево, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
Следна Статија Лучано Спалети е новиот тренер на Јувентус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште,…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, рече на денешната…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски за прислушувањето: Гледам во СДСМ се вознемирени, и треба да бидат затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?