Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат
ЗДРАВЈЕ

Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

Објавено September 19, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и порано, пред други здравствени авторитети. Овој пат покрена лавина на реакции, јавноста многу се наелектризира, што е исправно. Основната моја мотивација за сето ова е да расчистиме со неправилностите таму каде што можеме, изјави кардиологот Сашко Кедев, кој недамна излезе јавно со тврдења дека се прават непотребни операции и стентирања, по што беше формирана момисија од домашни и странски експерти која треба да утврди дали имало злоупотреби.

Во синоќешното гостување во емисијата „Вечерното шуо со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, Кедев оцени дека овој пат здравствениот систем реагираше соодветно, формирана е комисија која ги анализира случаите што до Министерството за здравство ги доставија лекари од Клиниката за кардиологија и Државната кардиохирургија. Целта, според него, е да се воведе соодветна контрола и да се подобри здравствениот систем во кој, како што посочи, сега најмногу се вложува.

– Сведоци сме на невидено инвестирање во здравството. Во моментов има досега највисок буџет за здравство, но за жал не можеме да ги видиме бенефитите од тоа. Суштината е да се воведе контрола во здравствениот систем што ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните и да се спречат неправилностите. Тие неправилности не се од сега, датираат многу години наназад. Јас сум ги отворал многу пати, но никогаш не сум наидувал на поддршка. Овој пат има огромна поддршка и од јавноста и од институциите, што е многу позитивно. Сегашниот министер за здравство е најмалку инволвиран во ова и воопшто нема врска со овие работи. Се надевам дека формирањето на комисијата од домашни експерти во рамки на МЗ, меѓународната комисија и Лекарската комора, ќе дадат голем придонес да се расчисти сето ова, јас сум оптимист и мислам дека ќе направиме позитивен импакт во оваа сфера, рече Кедев.

Смета дека треба да се направат соодветни проверки и во јавното и во приватното здравство, а потоа наодите на комисијата да бидат евалуирани од меѓународни експерти.

– Мислам дека сме на добар пат. Најважно е да ја воведеме контролата и да го подобриме системот, а ова да биде иницијален стимул за тоа, вели Кедев.

Нагласи дека сознанија што ги изнесе пред јавноста и се доставени до МЗ не се само негови, туку тоа се искуства од 16 лекари експерти, интервентни кардиолози и кардиохирурзи.

– Можеби најмалку од овие случаи дошле во контакт со мене директно, најголем дел индиректно, кај колеги кои ме консултирале. Заеднички сме констатирале неправилности. Нашата професија е егзактна и лесно е да се види дали има или нема потреба од нешто. Често работиме во сива зона – кога може, но и не мора да се направи нешто. Суштината е, според медицински базирани докази, многу често не треба да се прави ништо, треба да се применува конзервативен пристап, пациентите да се советуваат за соодветен животен стил, здрава исхрана и оптимална медикаментозна терапија под контрола на лекар специјалист. Сигурно има случаи каде е неопходен најагресивен кардиохируршки третман, но треба да имаме систем кога ќе му го препорачаме тоа на пациентот тоа да е најдоброто нешто за него, истакна Кедев.

За тоа дали е можно да се докажат злоупотребите, тој посочува дека „има сива зона, но има и сигурна зона каде што се знае дека не мора ништо да се прави и тоа е цврсто докажливо со документацијата што ја имаат“.

– Треба да се направи дистинкција во однос на неправилностите. Има сива зона во која може и едно и друго. Но, имаме и зона во која знааеме дека не треба ништо да се прави и тоа многу цврсто е докажливо со документацијата што ја имаме. Работиме со ангиографски филмови, целата процедура се снима и тие докази може да ги евалуираат само компетентни експерти – интервентен кардиолог или кардиохирург, вели Кедев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл
Следна Статија Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Градската болница „Св. Наум Охридски“ доби нова современа опрема за напредни уролошки процедури

Инсталирана е нова современа опрема за напредни уролошки процедури на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје.…

February 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?