Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
СВЕТ

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Објавено October 12, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни царини.

Министерството за трговија во Пекинг денеска соопшти дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност, применува контроли на извозот, спроведува дискриминаторски мерки против Кина и еднострано ја проширува својата надлежност врз производи како што се полупроводници и компјутерски чипови.

Кина, исто така, ги обвини САД дека ги нарушуваат глобалните синџири на снабдување и ја повика администрацијата во Вашингтон да ги исправи своите „погрешни постапки“, да ги почитува резултатите од претходните трговски разговори и да ги решава заедничките грижи преку дијалог.

– Доколку САД инсистираат да продолжат по погрешниот пат, Кина сигурно ќе преземе решителни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси, соопшти министерството.

Трамп во петокот соопшти дека САД планираат од 1 ноември да воведат дополнителни 100 проценти царини на кинески увоз. Ова уследи по најавата на Кина за проширување на контролата на извозот на ретки минерали.

Кинеското министерство ја оправда својата мерка како легален напор за подобрување на системот за контрола на извозот, наведувајќи ја стратешката важност на ретките минерали за воени примени и глобалните конфликти.

Кина е главен светски производител на овие критични суровини, што ѝ дава значајна преговарачка предност во односите со САД, пренесе ДПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска едночасовни блокади на сообраќајот на родителите на жртвите во „Пулс“
Следна Статија Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: САД извршија воздушни напади врз цели на ИД во Сомалија

Војската на САД денеска изврши воздушни напади врз цели на групата ИД во Сомалија, објави претседателот Доналд Трамп. „Утринава наредив…

February 1, 2025
СВЕТ

Убиен премиерот на владата на Хутите во Јемен

Премиерот на владата на Хутите во Јемен, Ахмед ал-Рахави е убиен при воздушните напади на Израел, објавија јеменските бунтовници во…

August 30, 2025
СВЕТ

Песков: Путин прави сè што е можно за да го реши проблемот

Руската страна прави сè за мирно решавање на конфликтот во Украина преку дипломатски средства. Ова го изјави портпаролот на Кремљ,…

May 11, 2025
СВЕТ

Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати странци

Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?