Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза

Објавено September 23, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на Туберколоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт, напиша на социјалните мрежи  Стефан Кирков, советник во град Скопје. 

Во продолжение неговата објава

За трагедијата да биде уште поголема пред 10тина дена почина и Бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од Туберколоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек.

Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина.

Информациите кој ги добивам од Зоолошката внатре и од вработените е повеќе од аларматна, Зоо е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква опрема соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има 100 тици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни!

Менаџментот молчи, речиниси и да го нема, ова кое се случува во оваа установа е загрозување на општа опасност по вработените, посетителите и животните.

Апелирам, алармирам веднаш државните институции да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Итна проверка на сите вработени да се тестираат како и земање брисеви од сите животни и живеалишта, доколку е потребно и времено затворање на оваа установа се додека не се процени дека е безбедна!

Менаџментот Попов и Стаменов молчат, ги нема на работнното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат за цел овој хорор кој се случува во нашата зоолошка, заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животни и за се што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот Град!

Според информациите од јавен карактер кој ги побарав од ЗОО Скопје и ги добив за само 3 години починаа повеќе од 50 животни , до сега не видовме никаква одговорност ,истрага или било што од менаџментот кој е заслужен за тоа со презимиња ПОПОВ И СТАМЕНОВ!

Во оваа установа имаше колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од плевмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и многу уште за што сето тоа ке биде представено во правна постапка против горенаведените за кој треба и тоа како да одговараат!

Одговорност мора да има и ќе има!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски од Њујорк: Цврсто ги застапуваме позициите на државата, водејќи сметка за националните интереси
Следна Статија Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје е пренатрупано со смет како никогаш до сега

За светот Скопје метропла, за неговите граѓани град затрупан во свет., пишува Телма. „Глетката е катастрофа каде и да се…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Падна пресудата за Лидија Димова: Апелација го врати случајот на почеток

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?