Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

Објавено March 5, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Предвиден е заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија и годишно од 12 до 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да прават примарни и секундарни реконструкции на дојка, најави денеска Сашо Клековски, в.д директор на Фондот за здравство (ФЗО).

Во оваа година предвидовме заеднички буџет за двете клиники – Клиника за торакална хирургија и Клиника за пластична хирургија, за примарни и секундарни реконструкции на дојка. Таргетот е 120 до 150 операции годишно, а во финансии ќе бидеме флексибилни во зависност од тоа колку пациенти ќе се појават, изјави Клековски.

Како што кажа, потребата ова да се стави на условен буџет е да не се префрлува топката на чија одговорност ќе биде овој зафат, туку да се овозможи директно плаќање кон потребите на пациентите.

Потребата да го ставиме ова на условен буџет е да престане префрлувањето на топка на чија одговорност е овој зафат и да овозможиме плаќање директно кон потребите на пациентите. Ова е дел од тоа што го разговарам во хема-онко планот, бидејќи и оваа услуга не е естетска услуга, туку е дел од севкупниот третман на болните пациентки со рак на дојка, рече Клековски.

В.д. директорот на ФЗО денеска во однос на недостатокот на биолошката терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираше дека само еден лек е во дистрибутерска дефектура, а очекува до петок да биде објавена годишната набавка на лекови. Тој е на ставот дека ќе се обезбеди стабилно снабдување на пациентите со потребните лекови во текот на годината и почетокот на следната година.

Во однос на општата состојба на Онкологија, ми се чини дека само еден лек е во дистрибутерска дефектура и тој се работи со дистрибутерот, односно се чека да се реши со произведителот. Очекувам дека до петок ќе биде објавена годишната набавка на лекови, при што ќе имам можност заедно со директорот Игор Стојковски да ја промовираме. Ова ќе биде многу позначајно од досегашните набавки и ќе обезбеди стабилно снабдување во текот на годината и почетокот на следната година, изјави денеска Клековски пред почетокот на предавањето „Карцином на дојка“ што се одржува во Скопје, во организација на ХЕМА-ОНКО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел
Следна Статија Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Паметни часовници: Дали сум зависен од мојот дигитален придружник?

Дали навистина прават она што ветуваат или едноставно нè прават повеќе напнати?

December 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што…

June 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата…

December 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Без положен испит со години вработувани административци во ИЈЗ

Извештајот на Државниот управен инспекторат треба да ги потврди или отфрли сомнежите дали во Институтот за јавно здравје со години…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?