Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март
ЗДРАВЈЕ

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

Објавено January 22, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

– Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, лекарите беа помалку бидејќи беа линеарни зголемувањата. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите за докторите и за медицинските сестри вработени таму, бидејќи ние цврсто веруваме дека треба работата соодветно да биде вреднувана – рече директорот на ФЗО на прес – конференцијата во Владата на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека според договорот со синдикатите, во март, годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство.

– Така што, мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите. Така да, барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на плати во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално, бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите – појасни Клековски.

Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори коишто незаконски земале повеќе пари од тоа што треба за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери кои незаконски си ги зголемиле платите, кажа дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати.

– Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниту една јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат – одговори Клековски.

На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни.

– Ние работиме и на дигитализација – тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму, сакаме да воспоставиме и критериуми каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент, казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно – условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме – тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем каде тие што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања – додаде директорот на ФЗО Сашко Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција
Следна Статија Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Марија Срцева избрана за претседателка на Здравствениот совет

Професор д-р Марија Срцева е избрана за претседателка на Здравствениот совет, советодавно тело на министерот за здравство. Согласно Законот за…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот попис кој беше спроведен во 2021 година, соопшти…

July 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат

Денеска ја посетив Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што е заокружен процесот на…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?