Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација

Објавено December 25, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Успешно ја завршуваме 2025 година, земајќи ги предвид промените и целите кои сакавме да ги постигнеме и дека во 2026 година зголемувањето на буџетот ќе биде 2,5 проценти. Идната 2026 ќе биде година на стабилизација и на довршување на тоа што беше започнато 2025 година, истакна денеска на средба со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Буџетот за 2026 година, посочи тој, ќе донесе можност за стабилизација на портфолиото што го градевме во 2025 година, меѓутоа во еден сегмент ќе биде недоволен, а тоа се надоместоците за боледување, бидејќи за годинава констатиравме дека заради растот на просечните плати растат и надоместоците за боледувања, посебно породилните.

Годинава во делот на матичните лекари ги зголемивме капитациите за 33 отсто за медицинарите и гинеколозите, а за стоматолозите беше малку помало зголемувањето, бидејќи претходната година имаа добиено зголемување. Очекуваме заострена казнена политика за целите кои се договорени, а тоа е намалување на употребата на антибиотици и анксиолитици и боледувањата. Ќе има контроли во одредени дејности во однос на двојната наплата на плаќање услуги, односно услуги кои не смеат да бидат наплатени од граѓаните, туку само од Фондот. Значи се фактурира на Фондот и се наплаќа на осигуреникот и првиот извештај ќе го презентираме утре заедно со УЈП, вели Клековски.

Во делот на лабораториите, новина најави во јануари, а тоа е вклучување на нова установа за генетски истражување во системот на здравствената мрежа на Фондот со цел да се зголеми капацитетот за генетските истражувања.

Според него, во јавното здравство клучното постигнување е зголемувањето на платите.

Кумулативно тие се зголемија за 17 проценти во 2024/2025. Зголемувањето беше за сите еднакво. Целта беше пониско платените работни места да добијат подостоинствен третман. Во 2026 година тоа ќе продолжи. Со договор постигнат на синдикатите со премиерот ќе има седум до девет отсто зголемување на платите во март, вели Клековски.

Укажа на напредокот во третманот на пациентите односно примената на покомплицирани методи во Клиничкиот центар, најави натамошно проширување на позитивната листа на лекови, квалитативна контрола на кардиохирургиите и на приватните даватели на услуги за дијализен третман, како и истражување на можноста за почнување генетски скрининг на ембриони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење
Следна Статија Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена…

December 24, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на кочанската болница

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тестирав 10 фитнес часовници: Откритие за најточниот бренд

Детален тест на Amazfit, Apple, Coros, Google, Garmin, OnePlus, Polar, Samsung, Suunto и Withings часовници за прецизност на чекори

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?