Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Објавено June 19, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, соопшти на прес-конфренција во Владата директорот Сашо Клековски, Тој апелираше до сите повредени да не брзаат со одлуките околу понатамошното лекување, да не одбираат ласери и естетски корекции надвор од лекарските протоколи.

Сакам да потврдам дека нашата посвастеност на повредените останува непроменета, како првите часови, како првите денови. Таа е силна и синна ќе остане во иднина. Сите потреби, здравствени потреби, потеби за здравствена заштита на повредените од Кочани во трагедијата ќе бидат на терет и на сметка, а подржани од државата, односно од фондот за здравствено осигурување. И ова ќе се однесува на долги стази, изјави Клековски.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани која работела со фалсификувана лиценца загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Се работи претежно за млади луѓе. Во моментов 10 пациенти се во болница, а само една пациентка е во потешка состојба.

Од третман на изгореници на белодробје, адуктивни повреди, физикална терапија, нега, психо-социјална се ова ќе биде обезбедено од државата на долги стази. Во мометков ние се реструктуиравме сите овие услуги да бидат достапни во општата болница во Кочани. Почетен план беше овие услуги да се даваат во трите болници во Скопје, но по барање на повредените првин физикалната терапија се пренесе во Кочани, од пред два дена има интервенции на терапијата плазма збогатена со тромбоцити коплетно ќе се одвива Кочани, и пулмолошките прегледи, спирометрија и гасните анализи ќе се одвива во општата болница во Кочани, објасни Клековски.

Сега, централна точка за грижа за повредените станува општата болница во Кочани, директорката Катерина Милчовска и конзилијарниот тим од седум члена предводен од д-р Гордана Ѓоргиева од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Сакам да укажам на тоа дека постојано се зборува дека не се прави ништо за повредените. Тоа создава несигурност и неизвесност кај повредените и нивните семејства и веќе има притисок да брзаат, бараат консултации надвор од востановените доктрини и протоколи за третман на изгореници. Не се препорачува ласер за третман додека не поминат шест месеци. Ќе треба да поминат една или две години за да заврши заздравувањето на кожата пред да почнат естетски корекции. Целиот процес на заздравување ќе трае две години и цело време сѐ додека е потребно ќе биде покриено од државата. Сакам да апелирам да има смиреност, ние сме целосно посветени кон нив и сме во соодветна комуникација со соодветните центри за изгореници. Ги замолувам повреденитее да се консултираат со директорката на Кочанската болница, д-р Катерина Мирчовски, со стручниот тим. Во однос на тоа дека е катастрофална состојбата на Болницата, морам да кажам дека се добива впечаток како да нема болница, како да таму нема институција. Таа Болница има редовен буџет од 4 милиони евра, има 50 лекари и 100 медицински сестри. Не збориме за гранапче, туку за здравствена установа со соодветен капацитет. Централната порака која сакам да ја пратам е дека нашата посветеност е иста како во првите часови од трагедијата и ќе остане колку што треба“, рече Клековски на прес-конференција во Владата.

Владата донесе одлука одморалиштето на МВР на Пониква, во близина на Кочани летово да ги прими повредените на рехабилитација и ресоцијализација, како и за психолошка поддршка. Како што кажа Клековски, одморалиштето е подготвено и првите пациенти може да заминат в петок или сабота. Тој кажа дека вчера во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. Ова, вели Клековски е голем чекор напред затоа што ПРП терапијата ќе може да ја примаат пациентите без да патуваат до Скопје. Престојот на Пониква е на доброволна база, а понудено им на сите повредени во пожарот. Во првата група за „Пониква“ се пријавени повеќе од 40 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
Следна Статија Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Си ги мирисал валканите чорапи, па добил габична инфекција на белите дробови

Средовечен службеник од кинескиот град Чунгкинг, чие име не е објавено, неодамна бил примен во локална болница со интензивна кашлица.…

April 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

Најмалку двајца припадници на Армијата на Република Македонија од касарната во Велес се заразени со шуга, потврдија од Армијата, додека…

February 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Опасна хемикалија пронајдена во цуцли за бебиња

Лабораториските испитувања на чешката организација на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА), поврзана со нарушување на половите…

October 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Намирници што треба да ги избегнувате кога сте болни

Некои намирници кои се инаку здрави можат да ги влошат симптомите и да го отежнат закрепнувањето. Еве неколку намирници што…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?