Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер

Објавено May 19, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и приватните медицински центри.

Интервенциите бea изведени од виш научен соработник д-р Огнен Ивановски. Првите две интервенции се изведоа под менторство на професор д-р Сергеи Владиславович Котов од Клиниката за урологија Пирогов во Москва, Русија. Досега, изведени се вкупно 10 вакви интервенции, што ја вбројува Универзитетската клиника за урологија помеѓу ретките центри, кои се лиценцирани за изведување на овој тип нови процедури.

Во изминатава година, во однос на земјите од регионот, во Македонија се вградени најголем број уринарни сфинктери на пациенти кај кои е неопходна ваква интервенција. Операцијата на вградување сфинктер е целосно покриена од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство.

Неконтролираното истекување на урина од мочниот меур (уринарна инконтиненција) најчесто се јавува после оперативно вадење на простатата поради карцином. Неволното истекување на урината најчесто се јавува при стоење или одење, а се интензивира при активности како кревање терет, смеење, кашлање или кивање. Оваа состојба во голема мера го нарушува квалитетот на живот на пациентот и претставува сериозен социјален и хигиенски проблем.

„Повеќе од 10 месеци посветени сме на оваа нова процедура. Горди сме што можеме да понудиме решение на проблем за кој претходно пациентите беа принудени да патуваат во странство. Вградувањето на вештачкиот уринарен сфинктер е златен стандард за решавање на уринарната инконтиненција, особено кај пациенти по операција на простата. Оваа интервенција значително ја подобрува контролата на урината кај пациентите, за кои ова е комплетно решение“, вели д-р Ивановски, виш научен соработник на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

По стекнувањето на соодветна експертиза во странски центри, како што е работа на 3D испечатени модели на мала карлица во Турција, курсеви на кадавер, како и клинички стаж во Левен, Белгија, д-р Ивановски за првпат самостојно изведе операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер кај 10 македонски пациенти.

„Со воведувањето на оваа процедура, Универзитетската клиника за урологија, не само што ја проширува понудата на здравствени услуги во јавниот сектор, туку и го подобрува животот на пациентите, кои досега немале можност за третман на уринарната инконтиненција во рамките на земјава“, изјави директорот на Универзитетската клиника за урологија, д-р Башким Шабани.

Карциномот на простата е најчесто дијагностицирана малигна болест кај мажите над 50-годишна возраст. Се проценува дека 1,4 милиони мажи годишно го добиваат овој карцином, а 375.000 од нив умираат како директна последица од болеста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал
Следна Статија Гатузо: На Трајковски му должам голема благодарност, слободно можеше да ме испрати каде што не треба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните…

March 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип

Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од…

March 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му…

March 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?