Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Објавено November 14, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот. Тестот ќе биде достапен за сите здравствено осигурени трудници, без дополнителни трошоци.

Според Величе Николова, специјалист медицински лаборант во Клиничката болница – Штип, со воведувањето на овој тест установата поставува нов стандард во грижата за бремените жени.

– За прв пат во КБ Штип се воведува БЕНЕТЕЧ тест – пренатален скрининг. Болницата го покрива целиот источен регион и секоја трудница со државно здравствено осигурување може да го направи овој тест. Се работи за брз, безболен метод, за кој е потребно само земање венска крв, изјави Николова.

Појасни дека трудниците треба да донесат упат од матичен гинеколог и ехо-преглед на плодот. Тестирањето ќе се изведува секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

Од болницата истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во пренаталната дијагностика и обезбедува поголема сигурност и навремена информација за здравјето на плодот. Медицинскиот тим уверува дека процесот е едноставен, брз и целосно безбеден.

Со воведувањето на овој тест, велат од болницата, се отвора ново поглавје во заштитата на мајките и бебињата, а се очекува сè поголем број идни мајки да ја искористат оваа можност за посигурна бременост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени
Следна Статија Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Објавен извештајот за починатото бебе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката…

October 8, 2024
ЗДРАВЈЕ

Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!

Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик…

May 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија

​Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Пациентот мора да добива ист…

May 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи

Полни ходници со болни деца – слика карактеристична за работен ден а не за викенд, објави Сител  Во клиниката за…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?