Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век
СПОРТ

Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век

Објавено October 13, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, испрати порака до навивачите на „Црвените“ и застана во одбрана на 22-годишниот Флоријан Вирц, по лошиот почеток на сезоната на германскиот играч од средниот ред на „Енфилд“.

Вирц, кој пристигна ова лето од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти (133 милиони евра), сè уште чека на својот прв гол или асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Ливерпул го сруши британскиот рекорд за трансфери во летниот преоден рок за да го доведе Вирц, кој брилијантно играше во Баер Леверкузен во текот на пет и пол години во Бундеслигата.

Затоа очекувањата од германскиот репрезентативец беа исклучително високи. Сепак, 22-годишникот досега не ги исполни, што предизвика критики од јавноста во Англија.

Притисокот го зголемува и лошата форма на клубот, кој доживеа три порази по ред, што покрена прашања за способностите на Вирц.

И покрај критиките, легендарниот Клоп решително застана зад младиот играч. Во разговор за „Sport.de“, тој им порача на навивачите да бидат трпеливи.

„Неговиот квалитет е извонреден. Дискусиите се малку претерани. Ливерпул загуби три натпревари по ред, што е невообичаено. Но, тоа е и нормално во животот. Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и во еден момент ќе го покаже тоа повторно на секој натпревар, исто како што го правеше во Леверкузен“, рече Клоп

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг
Следна Статија Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Kрај на европскиот сон за Шкендија

Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостински терен од Самсунспор со 4-0 во реванш натпреаврот од плејофот во Конференциската лига…

February 26, 2026
СПОРТ

Натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се игра

Реваншот Алкалоид – АЕК во ЕХФ Европскиот куп нема да се одигра, откако грчкиот тим одлучи да не истрча на…

May 25, 2025
СПОРТ

Савичевиќ пред мечот во среда: Moето срце е црвено-црно

Дејан Савичевиќ е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена звезда и Милан. Овие екипи во среда од 21…

December 9, 2024
СПОРТ

Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Избраниците на Кире Лазаров, во реваншот го…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?