Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција
ХРОНИКА

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Објавено October 13, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис, соопшти Царинската Управа.

Од Царинската Управа потврдија дека во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во МВР, каде е потврден нивниот хемиски состав, доопшти ЦУ.

Против осомничената, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, поднесе кривична пријава до ОЈО Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик. додаваат во соопштението од Царинска Управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век
Следна Статија Mу го прекинаа раатот во Дубаи: Заев се врати во Струмица да ја дозакопа СДСМ пред избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Син се заканувал на мајка си во банка во Неготино, па нападнал и полицајци

Син ѝсе заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот…

July 10, 2026
ХРОНИКА

Трагична сообраќајка со смртни последици ноќеска во Скопје

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство…

April 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?