Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Објавено September 16, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.

„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.

Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.

Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
Следна Статија САД и Кина се согласија околу сопственоста на ТикТок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Jамал сам го разби Виљареал

Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец…

February 28, 2026
СПОРТ

Салата на Работнички во Скопје ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Спортската сала на Работнички во “Градски парк“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ. Ова денеска го кажа градоначалникот…

June 6, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија

Краткотраен притвор во траење од 48 часа им е одреден на двајца осомничени за шверцот на 5-те тона марихуана кои…

February 18, 2026
СПОРТ

УЕФА го именува Омерагиќ за член во едно од најважните тела во европскиот фудбал – HatTrick комисијата

Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска информираше дека УЕФА го именувала за член на HatTrick…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?