Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија
ХРОНИКА

Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија

Објавено February 18, 2026 17:16
Сподели
Сподели

Краткотраен притвор во траење од 48 часа им е одреден на двајца осомничени за шверцот на 5-те тона марихуана кои беа запленети во Србија,

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор, информираат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување.

Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности, додаваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Кривичниот суд исто така ја потврдија информацијата.

За две лица за чл.215 ст.3 , А.И. и Д.С. прифатен е предлогот за краткотраен притвор од 48 часа заради постоење на основите од точки 1,2 и 3 односно опасност од бегатво, влијание врз сведоци и повторување, односно довршување на делото, информираа од Кривичниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски
Следна Статија Одложено утрешното рочиште за „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Кривична пријава за поранешни директори на АД Пошта за „несовесно работење во службата“

СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од КЗ…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Шеваљ Муареми го бараат со потерница, а тој си работи во Дубаи (ВИДЕО)

Во јули оваа година, петмина членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Како…

December 2, 2024
ХРОНИКА

Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?