Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено утрешното рочиште за „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено утрешното рочиште за „Пулс“
ХРОНИКА

Одложено утрешното рочиште за „Пулс“

Објавено February 18, 2026 17:22
Сподели
Сподели

Утрешното рочиште на кое треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е одложено поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани, соопштија од Кривичниот суд.

Во текот на денешниот ден претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување, кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе може да продолжи да ја следи главната расправа – стои во соопштението од Кривичен.

Следниот насрочен термин е 25 февруари, а судењето се наоѓа во доказна постапка со изведување докази од страна на Обвинителството.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија
Следна Статија Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Мислам дека тука е маленкото“, им рекол Кешишев на полицајците кога дошле до дупката каде била закопана Вања

Мислам дека тука е маленкото, рекол Кешишев кога дошле на местотото каде што била закопана Вања, го опиша обвинителката Јосифовска…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Таткото Александар го праша Палчо: Зошто е убиена мојата Вањичка?

Мислев дека се ќе дознаам и цело време мижам во просторијата, но слушам внимателно. Имам чуство на непотполност на вистината…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

 Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?