Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Објавено February 18, 2026 17:26
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави:

Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ.

Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија.

Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.

Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одложено утрешното рочиште за „Пулс“
Следна Статија Јаневска: Отсега и на наставничките факултети нема да има вонредно студирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса

Резултатите се јасни, Анел Фидоски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?

Велигден не е обичен празник што секоја година паѓа на ист датум – тоа е празник со подвижна дата, што…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува во градскиот стадион под мотото…

June 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?