Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
Blog

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците

Објавено July 17, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари.

Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците.

Во тужбата, инвеститорите тврдат дека „Мета“ не ги открила целосно ризиците од злоупотреба на личните податоци на корисниците на Фејсбук од страна на компанијата Кембриџ Аналитика, која ја поддржувала републиканската претседателска кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Акционерите наведуваат дека официјалните лица во Фејсбук повеќекратно и континуирано го прекршувале договорот од 2012 година со Сојузната комисија за трговија (ФТЦ), според кој Фејсбук се обврзал да престане да собира и споделува лични податоци на корисниците и нивните пријатели без нивна согласност.

Во тужбата понатаму се наведува дека Фејсбук подоцна продавал кориснички податоци на комерцијални партнери, што е директно кршење на тој договор, како и дека ги отстранил известувањата од поставките за приватност кои биле во рамките на договорот.

Поради овие настани, Фејсбук се согласи да плати казна од 5,1 милијарди долари за решавање на обвиненијата од ФТЦ. Сега, акционерите бараат Закерберг и другите да и ја надоместат на „Мета“ казната од ФТЦ и другите правни трошоци, кои тужителите ги проценуваат на повеќе од осум милијарди долари.

Се очекува судењето да трае до крајот на следната недела и ќе вклучува сведочења и од Закерберг и од поранешната извршна директорка за операции, Шерил Сандберг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мициќ го избра Хапоел и стави крај на шпекулациите
Следна Статија Штекли однесен на Неврологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

На најмалку шест компании за одгледување на медицинска марихуана ќе им се одземе лиценцата, вели Алиу

Од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави…

February 22, 2026
Blog

Магла на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија

Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино- Градско и Неготино - Демир…

December 15, 2025
Blog

Криптосветот се преструктуира: Нови можности среде предизвици

Дигиталните средства доживуваат значителни промени, притоа покажувајќи динамичност и отпорност во брзо променливиот финансиски пејзаж

November 21, 2025
Blog

Луксембург има минимална плата од 2.637 евра, а Бугарија е на дното на Европската унија со 550 евра

Како што пренесува Euronews, само шест земји во Европската унија имаат минимална плата повисока од 1.500 евра. Заедно со лидерот…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?