Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за балканските музички ѕвезди кои периодов настапуваат во неколку македонски градови.
Цеца, Харис Џиновиќ, Марија Шерифовиќ, Теодроа Џевхировиќ, Мирза Селимовиќ… се само дел од српските музички ѕвезди кои ќе ја забавуваат македонската публика, а под покровителство на локалните самоуправи.
Јавноста се подели откако градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев „се крена“ во одбрана на српските изведувачи кои, како што рече, ќе соберат бројна публика.
Силна порака стигна од поранешниот функционер од СДСМ и аналитичар Кирил Колемишевски.
– Ќе гласаш чобани да ти водат општина, па со твои пари ќе ти кажуваат што е култура и модерно, па ќе се буниш дека ти чепнале во идентитетот и можело подобро… Нема појак лепак од опинок залепен за асфалт, поентираше на темава поранешниот заменик министер Кирил Колемишевски.