Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку ќе ве чини секој прекршок во „Безбеден град“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Колку ќе ве чини секој прекршок во „Безбеден град“?
МАКЕДОНИЈА

Колку ќе ве чини секој прекршок во „Безбеден град“?

Објавено January 24, 2026 19:18
Сподели
Сподели

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Пречекорување на дозволената брзина
За пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница:

– до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност
– од 20 до 30 km/h: 45 евра
– од 30 до 50 km/h: 300 евра, и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци
– над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци

Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

Минување на црвено светло
За минување на црвено светло, системот автоматски изрекува:

– 250 евра парична казна

– забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, следува и кривична одговорност.

Истечена важност на сообраќајна дозвола/регистрација
За управување со возило со истечена сообраќајна дозвола:

– 100 евра казна за возачот
– 250 евра казна за сопственикот на возилото, доколку е друго лице

Овој прекршок се регистрира автоматски преку поврзување на системот со регистрите на МВР.

Непрописно запирање и паркирање
За непрописно паркирање или запирање на забрането место:

– 30 евра казна за стандардни прекршоци
– 45 евра казна доколку возилото го попречува сообраќајот
– 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост

Во случаи каде што возилото претставува ризик, следува и подигнување со пајак-служба, со дополнителни трошоци.

„Попуст“ за навремено плаќање

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа 50 проценти од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.

Автоматска забрана и одземање дозвола

Возач кој ќе добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград
Следна Статија Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане должнички роб поради војната во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Формирана e интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со трето-одделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани

Навистина сум среќен што денес се наоѓам овде, на ова преубаво место. Немам што да додадам во однос на овој…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград

Владата склучи договор вреден 1,7 милиони евра за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2027 во…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во повеќе институции се формираат работни групи за да се проверат сите издадени лиценци од…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?