Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување
МАКЕДОНИЈА

Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување

Објавено September 9, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи.

Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши.

– Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа, изјави денеска претседателот на Собранието на брифинг со новинарите.

Истиот ден, по седницата, оние членови на Комисијата кои имаат безбедносни сертификати, ќе одат во надзорна посета на АНБ.

Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов откако во јавноста излезе информација дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.

Проблемот со одржувањето на седницата се појави поради тоа што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи нема безбедносен сертификат, односно нема добиено одговор од Агенцијата за национална безбедност, по што претседателот на Собранието согласно неговите деловнички можности ја назначи пратеничката Славјанка Петровска да ја води седницата.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во изјава за медиумите рече дека целата документација е испратена во Обвинителството, а премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега изјавуваше дека очекува Обвинителството да постапи.

Од опозицијата бараат декласификација на документацијата, а на прес-конференции, како што најавија, ќе ја објавуваат вистината за случајот АНБ.

Премиерот Мицкоски вчера во неговиот говор на централната прослава по повод Денот на независноста рече дека не е прашање дали ќе се декласифицираат матеијалите, туку вистинското прашање е како да се спречатзлоупотребите. Според Мицкоски, мора да има одговорност.

– Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски
Следна Статија Очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе Филипче, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Внесувањето на Бугарите во Устав ќе значи право на свој јазик, култура, но и квоти во државната администрација

Бојко Ноев, поранешен бугарски министер за одбрана за EUalive коментира што во пракса ќе значи внесувањето на Бугарите во македонскиот устав.. На…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по акцијата во РЕК Битола и Осломеј: Продолжува борбата со криминалот, во период што следи ќе има десетици вакви случаи

Ќе продолжи борбата со криминалот. Нема да правиме естрада од сето тоа. Се држиме до тоа што сме го кажале,…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

Се интензивира истрагата за злоупотребите во Службата за општи и заеднички работи во време кога на чело бил поранешниот директор Пеце…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин тврди дека само доцнел со уплатите за експлоатација на минерални суровини од рудник

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?