Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски
МАКЕДОНИЈА

Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски

Објавено December 15, 2025 17:49
Сподели
Сподели

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ги претстави кумот и здравичарот за Бадник, а централното одбележување ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Годинава бадникарската функција кум ја има генералниот директор и ко-сопственик на компанијата Енерго Систем, Зоран Кондратенко, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2026, а здравичар ќе биде музичарот Јаков Дренковски, кој ќе ја каже здравицата пред Соборниот храм во пресрет на големиот христијански празник Божиќ.

Претседателот на Одборот, Ангел Георгиевски денеска на прес-конференција рече дека изминатите 33 години здравичари и кумови за Бадник биле луѓе кои се истакнати во своите професии.

Здравичарот Дренковски рече дека пред два месеци кога му се јавиле за да му понудат да биде здравичар, бил многу среќен, бидејќи на средбите кои ги има дома со блиските и со пријателите често пати го терале да ја крене чашата и да ги поздрави.

– Овој пат ми е дадена можност да ги поздравам граѓаните. Искажувам голема благодарност до Одборот на бадникарите и се надевам дека ќе ја исполнам очекуваната улога на 6 јануари. На 5 јануари се случува зимско капење и тоа ќе ми биде генерална проба кога ќе ми дојдат пријателите на Матка, да им наздравам. Ги поканувам бадникарите да дојдат на 35-годишното зимско капење, истакна Дренковски.

Кумот бадникар Кондратенко му се заблагодари на Одборот за традиционална прослава на Бадник за укажаната чест со оглед дека ја следи целата манифестација од нејзините почетоци.

– Да се биде избран за кум бадникар е за него и неговото семејство е огромна чест. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба и дека ќе ги исполнам сите очекувања и на Одборот и на сите присутни, вршејќи ја оваа функција кум за Бадник за 2026 година, додаде Кондратенко.

Претседателот на Одборот, Лидија Неделкова рече дека повеќе од две децении општина Центар е еден од најголемите поддржувачи на скопското бадникување.

Градоначалникот на општината Центар, Горан Герасимовски упати пофалби до Одборот, кој 33 години организира ваков настан и посочи дека му е чест што традицијата продолжува, што се почитува и од година во година се приклучуваат голем број млади луѓе.

На прес-конференцијата беше соопштено дека в недела (21 декември) напладне во месноста Краста на јужните падини на Водно на патот кон хидроцентралата „Козјак“, Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот, соопштувајќи на тој начин дека се е подготвено за централната прослава на 6 јануари на платото пред Соборниот храм. Во месноста скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња, што на 6 јануари им ги делат на скопјани, на свеченоста пред Соборниот храм во пресрет на Божик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Следна Статија Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути

Сообраќајот се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Зголемена фреквенција на возила…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силен ветар откорна покрив на училиште во Гевгелија

Силен ветер ја откорнал целата кровна конструкција на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. За случајот ЦУК добил пријава преку…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

ОЈО: Не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?