Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
ХРОНИКА

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Објавено December 15, 2025 17:46
Сподели
Сподели

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место.

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С, стои во соопштението од Апелационен суд Скопје.

Се дополнува дека пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривичниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години.

Во останатиот дел првостепната пресуда се потврдува, дополнуваат оттаму.

Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје на во мај годинава го огласи Јованов виновен за сообраќајната несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Кулакова.

Судот тогаш му изрече казна затвор од 12 години, забрана за управување возило од пет години и парична казна, земајќи ги предвид признанието на вина и каењето како олеснителни околности, а како отежнителни – возење без дозвола, под дејство на алкохол, преминување на црвено и претходна осуда за недозволена трговија со дрога.

Според обвинението, Јованов на 29 јануари управувал возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин, при што удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло. Од ударот таа починала на лице место. За ова кривично дело е предвидена казна до 20 години затвор.

Во меѓувреме, во Основниот кривичен суд Скопје против таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов, се води судски процес за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, бидејќи во период од ноември 2022 до јануари 2025 му дозволувал на својот син да управува автомобил без возачка дозвола, иако знаел дека е повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци, што според обвинителството придонело за трагичната несреќа во која загина Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Почнаа промените во општина Карпош, се реконструира улицата „Јуриј Гагарин“
Следна Статија Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари,…

January 16, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец починал откако бил претепан

На 12.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека во 18:00 часот…

September 13, 2025
ХРОНИКА

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

На 28.05.2025 во 11.20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека во семејна куќа во Гевгелија е пронајден починат С.Х.Н.(38)…

May 29, 2025
ХРОНИКА

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри,…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?