Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
ХРОНИКА

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Објавено October 11, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница која се наоѓа во центарот на Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека вооружени со автоматско оружје, тие влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле личноста да им го предаде златниот накит.

По извршувањето на грабежот, разбојниците побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Околу 19 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.

Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат и од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот со украденото злато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
Следна Статија Мицкоски бара дијалог со сите општествени фактори: Не мислам на лидерска средба туку на мислења од академиците, професорите, младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР објави потерница за адвокатот Александар Ристески

Министерството за внатрешни работи денеска на својата веб страница објави потерница по поранешниот адвокат Александар Ристески поради „истрага за сторено…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Расчистено е убиството во кривопаланечко Луке

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема

Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола

Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?