Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија, открива Манев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија, открива Манев
ХРОНИКА

Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија, открива Манев

Објавено March 12, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.

Обвинетиот Манев раскажа и како кога се вратиле во Скопје течеле подготовките за киднапирање на втората жртва, која требало да биде жена на 40-години, а не девојчето Вања Ѓорчевска.

-Вечерта Палчо не однесе до местото Оризови дупки, до место каде што имаше бетонирани соби. Мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена. Бидејќи беше рано легнавме да прилегнеме. На 24 ноември тргнавме да ја грабнеме жената. Малку закаснивме и се вративме.
Неа ја лоцираше Палчо. По негово кажување, жената да ја бутнеме по скалите, во нискиот дел од зградата и таму да сме ја врзувале. Од еден од дуќаните од сутеренот излезе и жена па и вториот пат се одложи, рече Манев.

Тој појасни која жена требало да ја грабнат.

-Палевски кажуваше повеќе особи. Едниот го запамнтив, зборуваше за ќерка на пензиониран директорот на градежна фирма. После тоа се одлучи за жена, ќерка на некој од фармацевските компании. И пред да се случи самото грабнување, десетина дена претходно, ја следел за да и ги види навиките, кога излегува, каде работи и наводно ја сликал со телефон. Ни ги покажуваше сликите на телефон. Изгледаше на 40-годишна жена, не личеше на дете, рече Манев.

Појасни дека третиот обид за киднапирање бил утрото на 27 ноември.

-Палчо со уште една особа го пренесоа возилото на Панче од Маџари во Радишани. Не однесе таму и не остави со ,,реното кангу”.Бевме јас, Боре и Кешишев. Се качивме во возилото и тргнавме пред зградата за грабнување. Палчо возеше пред нас, а комунициравме на мотороли, рече Манев.

Тој појасни како и кој го извел грабнувањето на девојчето. Пред да почне да раскажува, Манев побара чаша со вода. Се напи, па рече:

Палевски ни го објасни системот и начинот како се отвара вратата и ни го објасни енетриерот на внатрешноста. Рече од внатре може полесно да се земе жената. Јас и Боре влеговме во зградата. Беше темно, немаше сијалица. Светлина доаѓаше од влезната врата. Чекавме. Одвреме навреме Палчо преку моторола ни кажуваше колку е часот и дека кога ќе дојде 7.20 часот за да излезе жената. Во 7.20 часот Боре чекаше со селојтеп лента. Кога се симнуваше особата, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме кон скалите, кон потемното. Излезе од лифтот, спуштајќи се по скалите надолу. Според сликите кои ни ги даваше Палчо, особата беше идентична, колку што можевме да видиме во темното. Ја врзавме, ја ставивме во вреќа за спиење. Кешишев ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да можеме да ја ставиме, рече Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмладиот пациент на кој му е извршена бубрежна трансплантација имал 15 години, а најстариот 67
Следна Статија Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин пронајден мртов на железничка станица во Италија

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Андреја Ѓоргиевски и Сара Пројовска  ќе бидат погребани утре во Скопје.  - Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?