Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
ПОЛИТИКА

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

Објавено March 9, 2026 16:09
Сподели
Сподели

ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика, за поскапување на нафтата и нафтените деривати, со цел олеснување на товарот на џебовите на граѓаните.

Воопшто не е изненадувачка одлуката на РКЕ, со оглед на случувањата на Блискиот исток и воената интервенција во Иран, која ги зафати и соседните земји. Изненадува фактот што владата делува целосно неспремно и неподготвено, иако пред само десеттина дена нѐ убедуваа дека „нема опасност“ по државата.

Додека барелот сирова нафта на светските берзи веќе надминува 100 долари, апелираме до Владата, Министерството за енергетика и останатите надлежни државни институции да излезат во пресрет и да им помогнат на граѓаните.

Доколку навистина се грижат како што велат и активно ја следат состојбата, очекуваме во наредните денови конкретни мерки и чекори за олеснување на ценовниот шок на јавноста, особено во време на висока инфлација и секојдневно зголемување на цените.

Од Владата за почеток бараме итно привремено намалување на акцизата за увоз на горива уште во наредните денови и воведување на други мерки и субвенции, за вистински навремено да се реагира и да се намали дополнителниот ценовен шок на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците од Мелбурн не учестуваат на локален фестивал поради сонцето од Кутлеш
Следна Статија Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници

Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите…

April 22, 2025
ПОЛИТИКА

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

. Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви

Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?