Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство
ХРОНИКА

Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство

Објавено March 9, 2026 16:13
Сподели
Сподели

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи регистрирала осум пријавени настани со семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко.

Утринава во 00:05 часот на подрачјето на скопски Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата.

Исто така, во Карпош синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.

Синоќа во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријавила дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 23:20 часот во Скопје го лишиле од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во Скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет.

Синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека околу 15:30 часот во Скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р..

Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 21:20 часот во Росоман лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. Како што посочуваат од МВР, при преземањето мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци.

Во Кичево вчера во 14:20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.

Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 16:00 часот во Виничко село го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал. При преземањето мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,30 промили алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од МВР посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
Следна Статија НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палчо гуглал за Белорусија, од таму сакал да замине за Москва и да работи за партијата

Првообвинетиот Љупчо Палевски на 5.12 2023 година планирал да слета во Москва, откри во завршните зборови обвинителката Жаклина Јосифовска. Таа…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Поради девојка тинејџер од Кочанско му извадил пиштол на врсник

Расправија меѓу две момчиња од Кочанско можела да прерасне во трагедија – едното 16-годишно момче, кое сега е уапсено, му…

March 20, 2026
ХРОНИКА

ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника

Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?