Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
СВЕТ

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Објавено March 9, 2026 16:15
Сподели
Сподели

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

Според соопштението, ракетата била пресретната од НАТО системите за противвоздушна одбрана распоредени во источниот Медитеран.

Остатоците од ракетата паднале на празни полиња во областа Газиантеп, на југоистокот од Турција, при што нема информации за повредени или материјална штета.

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите неопходни чекори, решително и без двоумење“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент во рок од една недела. Во четвртокот Анкара објави дека НАТО системите за одбрана пресретнале балистичка ракета која се движела кон турскиот воздушен простор.

Техеран тогаш негираше дека ракетата била испалена од Иран.

Инцидентот предизвика реакција и од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изјави дека активирањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор засега не е на дневен ред.

Членот 5 предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз, по што останатите членки преземаат мерки за помош на нападнатата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство
Следна Статија Животот во Македонија поскапе за 2,9%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Цело семејство исчезна во Лајпциг: Полицијата ги бара родителите и едномесечното бебе

Германската полиција започна потрага по семејство кое исчезнало од градската населба Грунау во Лајпциг, откако надлежните служби не затекнале никого…

April 26, 2026
СВЕТ

Најмалку осум жртви во лавини во Австрија

Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина…

January 18, 2026
СВЕТ

Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска…

November 19, 2024
СВЕТ

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева на враќање кон дипломатијата по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?