Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До шест милијарди долари заработил Иран од извоз на нафта за време на примирјето со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > До шест милијарди долари заработил Иран од извоз на нафта за време на примирјето со САД
СВЕТ

До шест милијарди долари заработил Иран од извоз на нафта за време на примирјето со САД

Објавено July 19, 2026 12:34
Сподели
Сподели

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“.

Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери отпловиле со сурова нафта кон клучните азиски пазари.

Претходно, Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското Министерство за финансии на 22 јуни објави документ со кој се потврди дека Вашингтон издал општа лиценца што овозможува непречено производство, снабдување и продажба на иранска нафта и на нафтени деривати.

Сепак, по ненадејната ескалација на тензиите, американското Министерство за финансии на 7 јули итно ја укина таа лиценца, со која првично беа ублажени санкциите кон иранскиот нафтен сектор до 21 август, и целосно ги забрани сите нови операции во овој енергетски сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
Следна Статија Д-р Кочински од ИЈЗ: Ќе биде прогласена епидемија на заразна болест на подрачјето на Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател…

September 22, 2025
СВЕТ

„Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја оживеа својата иницијатива САД да го преземат Гренланд, заканувајќи се дека ќе ги…

July 8, 2026
СВЕТ

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. Она што ни…

April 5, 2025
СВЕТ

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?