Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
МАКЕДОНИЈА

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

Објавено July 19, 2026 12:27
Сподели
Сподели

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град.

Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе почне опаѓање на температурите.

Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места низ земјата. Значително пониски дневни температури се најавени за петок.

Метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради високите температури во следните неколку дена, како и поради можноста за локални временски непогоди во попладневните часови.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на одделни места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во земјава ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во главниот град ќе достигне 39 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
Следна Статија До шест милијарди долари заработил Иран од извоз на нафта за време на примирјето со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков

Ако задоцни Владата со процедурата за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧПС), што…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?