Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
ПОЛИТИКА

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

Објавено March 9, 2026 16:09
Сподели
Сподели

ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика, за поскапување на нафтата и нафтените деривати, со цел олеснување на товарот на џебовите на граѓаните.

Воопшто не е изненадувачка одлуката на РКЕ, со оглед на случувањата на Блискиот исток и воената интервенција во Иран, која ги зафати и соседните земји. Изненадува фактот што владата делува целосно неспремно и неподготвено, иако пред само десеттина дена нѐ убедуваа дека „нема опасност“ по државата.

Додека барелот сирова нафта на светските берзи веќе надминува 100 долари, апелираме до Владата, Министерството за енергетика и останатите надлежни државни институции да излезат во пресрет и да им помогнат на граѓаните.

Доколку навистина се грижат како што велат и активно ја следат состојбата, очекуваме во наредните денови конкретни мерки и чекори за олеснување на ценовниот шок на јавноста, особено во време на висока инфлација и секојдневно зголемување на цените.

Од Владата за почеток бараме итно привремено намалување на акцизата за увоз на горива уште во наредните денови и воведување на други мерки и субвенции, за вистински навремено да се реагира и да се намали дополнителниот ценовен шок на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците од Мелбурн не учестуваат на локален фестивал поради сонцето од Кутлеш
Следна Статија Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ацевски: Стојкоски на изборите ќе настапи со иста програма бидејќи не реализираше ниту еден проект

Ова е програмата со која градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски настапи на локалните избори во 2021 и ова е истата програма…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Алсат М. – Од тоа…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, рече дека не гледа ништо спорно…

May 28, 2026
ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?