Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче
ПОЛИТИКА

Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче

Објавено October 22, 2024 18:45
Сподели
Сподели

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска.

Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.

Македонизмот е креација на Србија и Русија

Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.

Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија.

Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.

Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.

Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар.

Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи.

Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани и очекувањата како држава
Следна Статија Не сакам да ме „спакуваат“ како Индијанец, морам да бегам, најавил Џони од Врачар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: На Ахмети му преседнаа кексите и гурабиите

Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот кај Лазаров му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ќе му преседнат кексите…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев е измислен случај, ги чекам ОЈО

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата за наводен „рекет“ поврзани со Жан Митрев, оценувајќи ги како „монтиран“ и…

February 1, 2026
ПОЛИТИКА

Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија. Митески посочи…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Членови на ДУИ ќе кампуваат пред Уставен до среда, ќе го бранеле албанскиот јазик

Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?