Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски
ПОЛИТИКА

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

Објавено December 6, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Во Кавадарци денеска на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде реизбран Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата.

На Конгресот под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“.

18.Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

-Генерално, станува збор за документ што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и во периодот кој што го опфаќа овој документ до 2030-тата ќе биде така, ја гледаме Македонија и кои се столбовите на кои што ќе ја темелиме нашата политика и како политичка партија и како најголема политичка партија во рамки на Владата, рече завчера на брифингот со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски.

Според него, ова ќе биде до сега најмасовен Конгрес, ќа има и обраќања од неколку сестрински партии. Конгресот ќе се одвива според вообичаено сценарио – усвојување на дневниот ред, избор на работно претседателство што ќе претседава со самиот настан, усвојување на Стратегијата Македонија 2030, потоа избор на изборна комисија, предлог или предлози за кандидат(и) за претседател, обраќања на дел од делегатите, а ќе се разгледува и извештајот за материјално – финансиското работење на партијата.

На Конгресот ќе има претставување на кандидатот за претседател, во чии рамки ќе треба да даде визија за следниот период.

Потоа следува самото гласање, по што ќе има извештај на Изборната комисија. Ќе бидат избрани претседател и членови на статутарната комисија кои што ги предлага претседателот, како и на комисијата за надзор на материјално финансиско работење. На крај, на Конгресот е предвидено обраќање на избраниот претседател на партијата.

Мицкоски најави дека доколку биде избран тоа ќе биде негов последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Статутот на партијата предвидува една личност да може да биде реизбрана за претседател најмногу три мандати. – И додека јас сум претседател, за тој услов за максимум број мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од Статутот, рече актуелниот партиски лидер и премиер Христијан Мицкоски.

Тој истакнува дека е важно да се потенцира тоа што прв пат како политичка партија немаат долгови. Во 2018 година, рече, ситуацијата не беше розева, ниту пак предвидувањата за ВМРО-ДПМНЕ, но во овој момент немаме изложеност кон банки, немаме долгови кои што условно сме ги имале во минатото, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера во пресрет на конгресот соопшти дека Стратегијата „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ содржи правци за дејствување, развој и државно водство, како и пропратни документи. За да опстои и да напредува, македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ смета дека мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет.

– Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија. Пред да се гласа Стратегијата, Делегатите истата ќе ја имаат во електронска форма достапна преку QR код на делегатските акредитации, најави прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Европската десница, посочува партијата, го афирмира моделот на социјална пазарна економија, систем што ја балансира слободата на пазарот со одговорноста на државата да ги штити ранливите и да создава еднакви можности. Тој модел ја поддржува иницијативата, но ја одбива зависноста; ја охрабрува иновативноста, но ја отфрла злоупотребата; го гради општеството на труд, знаење и фер конкуренција, а не на привилегии и клиентелизам.

– Во македонски услови, ова значи квалитетно здравство, конкурентно образование, функционални јавни услуги и политики што го задржуваат талентот дома, наместо да го иселуваат. Современата држава мора да биде ефикасна, транспарентна и отпорна. Владеењето на правото е нејзината фундаментална основа. Администрацијата мора да биде професионална, департизирана и ориентирана кон резултати; судството независно и функционално; институциите доследни на стандарди, а не на вертикали на влијание. Дигиталната трансформација претставува најголемата можност за вистинска реформа: институции што работат преку податоци, алгоритми што ја намалуваат корупцијата, автоматизирани услуги што ја елиминираат бирократијата и системи што ја прават државата побрза, поефикасна и потранспарентна од било кога, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуават дека ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно.

Како што укажаа од ВМРО-ДПМНЕ, недостигот на дисциплина во институциите, е една од најдлабоките слабости на постсоцијалистичките демократии. ВМРО-ДПМНЕ, велат оттаму, затоа ја поставува реформската државност како еден од своите централни идеолошки столбови: институциите мора да работат според правила, а не според импровизации;администрацијата мора да биде професионална, а не партиски зависна; политичката власт мора да поставува стандарди, а не да бара исклучоци; јавната служба мора да биде предвидлива, ефикасна и транспарентна.

18 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

– Овој принцип ја претвора државата од „простор на политички судири“ во функционален систем – услов за економски раст, правна сигурност и стабилни политички процеси. Реформираната државност е темелот на вистинска европеизација. ВМРО-ДПМНЕ како Македонска центар-десница е втемелена во философијата дека државата мора да биде силна: таму каде што штити, ограничена таму каде што пречи и присутна таму каде што создава јавна добробит. Таа философија ги обединува слободата, достоинството, одговорноста и државноста како четири носечки столба. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешниот конгрес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миках Парсонс и размената, а не Lions, ги чини Cowboys во нивната сезона
Следна Статија Куќата во World of Warcraft е веќе достапна, а Horde играчите се обидуваат да ги преобразат своите остри куќи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“

Опозициската Демократската унија за интеграција вели дека по точно една година откако Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Трајановски е предложен за потпретседател на СДСМ оти заедно со Филипче летуваше на јахтата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче како верен послушник на Заев го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Трајановски…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?