Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кондарко: Надоместоците за лицата ангажирани од ДИК за Локалните избори 2025 ќе се движат на ниво на минатите избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кондарко: Надоместоците за лицата ангажирани од ДИК за Локалните избори 2025 ќе се движат на ниво на минатите избори
МАКЕДОНИЈА

Кондарко: Надоместоците за лицата ангажирани од ДИК за Локалните избори 2025 ќе се движат на ниво на минатите избори

Објавено November 13, 2025 15:33
Сподели
Сподели

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за членови на изборните органи, државна администрација и ангажирани лица по налог на ДИК за спроведување на Локалните избори. Претседателот на ДИК, Кондарко посочи дека ДИК овој Правилник го донесува после секој спроведен изборен процес, согласно Изборниот закон.

Изборните органи тоа се Избирачките одбори, Општинските изборни комисии, вработените во стручната служба, подрачните одделенија и ангажираните лица по основ на соодветни одлуки за помошни тела имаат право на соодветен надоместок врз основа на определени однапред дефинирани услови и критериуми за видот, обемот и сложеноста на времетраење и други критериуми за работниот ангажман – посочи Кондарко.

Претседателот на ДИК, на денешната јавна седница соопшти дека изгласаниот Правилник ќе биде доставен до сите изборни органи и во наредниот период ДИК ќе постапи по истиот и врз основа на посебна одлука ќе определи соодветни надоместоци за сите категории на изборни органи.

Пред се тука мислам за Ибирачките одбори и Општинските изборни комисии. Има во Правилникот определени градации за Избирачките одбори според бројот на запишани избирачи во секое Избирачко место. За Општинските изборни комисии според бројот на избирачки одбори во секоја ОИК, има други критериуми по кои ќе се раководи Државна изборна комисија. Сите изборни органи, Општинските изборни комисии и вработените и помошните тела ангажирани доставуваат поединечни извештаи за нивната работа. Надоместоците, од прилика зборувам, бидејќи има повеќе категории, повеќе услови, повеќе градации, во различни одредби од Правилникот, ќе се движат на ниво на минатите избори, кои беа двојни избори. Имавме во предвид дека Локалните избори се најобемни и најсложени за организирање – рече Кондарко.

На денешната 158 јавна седница на ДИК, Кондарко соопшти и дека по вчерашното конечно објавување се завршени изборните дејствија за Локалните избори, денеска ДИК ги известува надлежните институции за постапување во Изборниот закон. Кондарко додаде дека ДИК очекува распишување на Локалните избори во четирите Општини во земјава, каде што немаше цензус. Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во наредните денови кога ќе го добијат решението за распишување на изборите, од страна на претседателот на Собранието веднаш уште истиот ден ДИК ќќе закаже јавна седница, на којашто ќе го почне изборниот процес, во овие четири општини.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо: Никој нема загрантирано место во репрезентацијата, па ни јас
Следна Статија Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во соседните држави се транспортираат 27 повредени од пожарот во Кочани

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“

И покрај тоа што предметот „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување во поранешната УБК е застарен веќе речиси две години,…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?