Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување
ЗАБАВА

Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување

Објавено July 21, 2026 18:06
Сподели
Сподели

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов.

Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност.

Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат големи оштетувања, како и стаклените галерии, на лице место се монтира челичната конструкција која веќе е изработена. А е изработена од кутиести профили со различни димензии. Ќе биде поиставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од Споменикот. Над конструкцијата се поставува лексан со дебелина од 16 милиметри. Со ова ќе постигнеме да не протекува повеќе вода во споменикот, изјави Сузана Грибовска, советник конзерватор, архитект во Заводот и музеј -Прилеп.

Инвестицијата која треба да заврши пред 2 Август, чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година.

Превентивата предвидува заштита на четирите витражни и на четирите галерии со стакло. Таа е за да запре протекувањето на водата во Македониумот кое е најголемата опасност. Утре ќе биде поставена платформата и самите конструкции ќе се постават на Македониумот. Оваа превентивна заштита завршува до крајот на јули, а во тек е изготвување на основен проект за конзервација и реставрација на Македониумот кој целосно го опфаќа, вклучувајќи ги статиката, градежните работи, витражните стакла коиќе се заменат за нови и внатрешната метална конструкција, објаснува Мимоза Христоска, директорка на Заводот и музеј- Прилеп.

Пред празникот се чисти околу споменикот, а гостите не заминуваат од Крушево без да го посетат Македониумот.

Годинава за првпат механизирано чистиме околу споменикот во пресрет на големиот празник 2 Август- Илинден. Гости и посетители постојано доаѓаат и сите ги покануваме и за Празникот да дојдат во Крушево, вели Миха Оџаклиески, директор на Историски музеј- Крушево.

Споменикот Илинден, како комплекс, е дело на архитектите Искра и Јордан Грабул.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златко Перински именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување
Следна Статија (ВИДЕО) Меси не се појави на дочекот од навивачите во Буенос Аирес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)

Поради тоа што цените во популарните европски летувалишта вртоглаво растат, сѐ повеќе туристи од регионот се одлучуваат за некое подалечно…

August 6, 2025
ЗАБАВА

Амазон ги распродава PlayStation Elite Pro контролерите, DualSense Edge по најниска цена досега

Заменете ги капачињата за стиковите и препрограмирајте ги задните копчиња без алати меѓу играње.

December 5, 2025
ЗАБАВА

Креаторот на Stardew Valley најавува големи новости за 1.7 надградба

Eric Barone открива нови детали за престојната надградба што ќе донесе повеќе социјални елементи и нов тип на фарма

December 19, 2025
ЗАБАВА

На ова внимавајте ако купувате нов автомобил

 Како што цените на новите автомобили продолжуваат да растат, сè повеќе возачи избираат да го задржат својот сегашен автомобил што…

June 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?