Стоматолошката комора на Македонија објави дека со задоволство ја примиле информацијата дека министерот за здравство, Азир Алиу, ги доставил до Државното обвинителство сите докази за нивните наводни прекршоци.
Како што наведуваат од Комората, конечно ќе имаат можност нивните докази да бидат презентирани пред непристрасен орган, каде ќе можат да ги потврдат своите аргументи за законитоста во работењето на Комората. “Конечно ќе има можност и нивните докази да стигнат пред непристрасна институција и каде ќе можат да ги потврдат нивните тврдења за исправноста во работењето на Комората.”
Во нивното соопштение исто така се додава: “Исто така напоменуваме дека голем дел од доказите се веќе во ОЈО како пропратен материјал на кривичната пријава која Комората ја поднесе за Комисијата за надзор, врз основа на чиј извештај министерот постапи како што постапи”.