Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кон Грција на „Богородица“ за еден ден поминале над 14 илјади патници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кон Грција на „Богородица“ за еден ден поминале над 14 илјади патници
МАКЕДОНИЈА

Кон Грција на „Богородица“ за еден ден поминале над 14 илјади патници

Објавено May 1, 2026 18:25
Сподели
Сподели

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР велат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји.

Од македонска страна, додаваат од МВР, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

На социјалните мрежи се споделуваат различни искуства од граничните премини кон Грција – од брзо поминување на границата до чекање од околу еден час, при што најголеми задржувања има кај автобусите.

Ако се погледнат, пак, камерите на веб-страната на Јавното претпријатие за државни патишта може да се види каква е состојбата на граничните премини за излез од земјата. Според видеата од таму, од македонска страна воопшто нема застој и на „Богородица“ и на „Меџитлија“.

Зголемениот сообраќај за излез од земјава низ граничните премини кон Грција е очекуван поради празничниот продолжен викенд. Подолг застој на границите се забележува и во останатите викенди, поради примената на ЕЕС регулативата која стартуваше на 10 април.

Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот брифинг, на новинарско прашање од МИА, дали ќе се одложи имплементацијата на системот и кај балканските туристи, соопшти дека регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со законските правила.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Реализацијата на катната гаража во Oхрид е директен бенефит од законските измени што ги донесовме
Следна Статија Турската полиција приведе околу 550 лица на првомајските протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЈОРМ потврди: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Големо невреме со град и силен дожд го зафати Дојран

Големо невреме попладнево го зафати Дојран, при што за кратко време наврна пороен дожд проследен со град. Невремето предизвика проблеми…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

УО на ЈП „Комунална хигиена“: Четири години ги изгласавме сите планови и програми, но нивната реализација е обврска на директорите

Управен одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во соопштение до медиумите информира за крајно алармантните случувања што доведоа ова Јавно претпријатие…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?