Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик
ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Објавено March 23, 2026 15:54
Сподели
Сподели

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, вели пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик.

Законот беше донесено во јануари 2024та, после 18 години со голем консензус од сите пратенички групи во изминатиот состав на собранието, со широка дебата, и со вклулување на сите предлози на сите засегнати од овој закон.

И што имаме денес? Имаме целосно игнорирање на сите одредби од законот.

Има именувана директорка на Инспекторатот, има работна верзија од стратегијата за македонски јазик која започна да се работи пред само две недели. И толку.

Не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани. А никој не реагира.

И кога сакавме да разгледаме како оди имплементацијата на овој закон, сфативме дека нема ништо спроведено. Навистина ништо. Секој буџет од 2024та наваму и секој ребаланс гледаме кратење на пари.

Нема пари за примена на Законот за македонски јазик ама има за тендери.

И кога некој би поднел пријава за било кое од овие непопитување на законот, нема кој да постапи!

На барање на владејачкото мнозинство се направи промена во законот за примена на македонскиот јазик со кој нивото на инспекторатот се намали со ветување дека тоа се прави само и само да профункционира! И повторно не функционира.

Затоа, денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува барање за надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од законот за употзаконот за употреба на македонскиот јазик.

Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името.

Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ. Тоа се национални интереси и тоа, меѓу другото, е и заштита на јазикот.

Го поднесуваме ова барање за да се најде решение, и конечно законското решение да почне да функционира.

Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова барање, се работи за македонскиот јазик“, вели таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зидан конечно станува селектор на Франција
Следна Статија Еве до каде може да стигнат иранските ракети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки со повик: Во тек е генерален реизбор на претседатели, вратите се отворени за секој кој има визија и храброст

ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал и за запленетата марихуана во Србија?

„Како во сите скандали во кои има сомнеж за криминал, така и овој не поминува без вклученост во јавноста на…

February 8, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?