Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството
ПОЛИТИКА

Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството

Објавено October 20, 2025 13:08
Сподели
Сподели

По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција, пишува на социјалните мрежи градоначалникот во заминување на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Тој упати честитка на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината.

Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството. СДСМ е четврта политичка сила. СДСМ не влезе во втор круг во Скопје. Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен, вели Костадинов.

Порачува раководството на СДСМ да не зборува дека се среќни со резултатот, бидејќи додава, поголем пораз од ова нема.

-Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес. Mора да се седне на маса. За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице. Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, посочува Костадинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6
Следна Статија Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Реџепи: Има повици за војна со Албанците

Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт рече дека нема да ја поддржи декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Простаклукот на Апасиев (ВИДЕО)

На собраниска седница денеска за влакно беше избегната тепечка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и дел од пратеницита на…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа…

March 17, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Одзив за Град Скопје до 18:30 часот е 46,64%

На денешното гласање на првиот круг од локалните избори право на глас на ниво на Град Скопје оствариле 46,64%. -Генералниоит…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?