Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври
ПОЛИТИКА

Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври

Објавено August 22, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори во октомври, изјави потпретседателката на партијата Кристина Костова во интервју за емисијата „Вести плус“ на ТВ Канал 5.

„За предвремени парламентарни избори зборуваме подолго време. Потребата за нив се наметнува природно поради лошите политики на актуелната владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме во полн капацитет да го изнесеме и тоа“, рече Костова.

Таа посочи дека додека СДСМ бил на власт, се одржале два редовни парламентарни изборни циклуси, бидејќи партијата не бегала од одговорност да се соочи со граѓаните за еден цел мандат. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ во минатото постојано бегало од волјата на граѓаните со трчање кон предвремени избори.

Говорејќи за актуелната состојба, Костова нагласи дека државата се движи во погрешна насока под водство на премиерот Христијан Мицкоски, а граѓаните тоа го препознаваат. „Оттаму и како природна се наметнува потребата од предвремени избори. Ние сме подготвени“, истакна таа.

Во врска со надворешната политика, Костова оцени дека владата доживеала „комплетен дипломатски крах“, а Министерството за надворешни работи се користи како „министерство за туризам“. Таа ја критикуваше актуелната власт за тоа што не издејствувала подобра Преговарачка рамка со ЕУ и не постигнала напредок во евроинтеграциите.

За прашањето со Бугарија, Костова рече дека деблокада на преговорите е можно да се постигне, но само со јасна политичка волја. Таа предупреди дека нарушените позиции на земјата можат да бидат неповратни, како што тоа се случило со спорот со Грција, и додаде дека отворањето на поглавјата со ЕУ ќе значи реформи, подобрување на институциите и пристап до фондови.

„Она што Македонија треба да го направи е да ги отвори поглавјата и да започне со реформите. Наместо тоа, гледаме флоскули, празноговор, популизам и лажен патриотизам, кој веќе не поминува кај граѓаните“, рече Костова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност
Следна Статија Тешко повреден маж од трактор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Рубин Земон, член на ЦО на СДСМ: Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е важен за македонскиот идентитет

Рубин Земон, член на Центалниот одбор на СДСМ искажа навреди за македонскиот великан Гоце Делчев. Според Земон, Гоце Делчев не…

April 29, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси.…

January 9, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче да не глуми лажна загриженост и да им се извини на граѓаните за катастрофите во негово време, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?