Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор
ПОЛИТИКА

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

Објавено August 27, 2025 10:02
Сподели
Сподели

И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Суштината е јасна: не може да си политичар кој јавно е против ЕУ, кој секојдневно зборува дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, да држиш анти ЕУ став, а истовремено твојата најблиска фамилија да користи европски пари од Еразмус програмите.

Јас сум член на Комисијата за европски прашања и цел претходен мандат активно се спротивставував на злоупотребите на СДСМ и ДУИ со европските фондови. Ама сега ми е јасно зошто еден цел мандат додека Таљо преку Арбер ја злоупотребуваше комисијата Димче го немаше на ниту една комисија-во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома!

Денес по веста за ЕУ финансирањето, со цел да ме омаловажи, самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето, ја мобилизираше својата троловска армија со лаги и клевети. Но вистината е една – разобличен е до даска.

И нема лутење јавноста има право да праша:

– Кој му го среди станот по цена што обичен граѓанин никогаш не може да ја добие?

– Кој му ги плаќа одморите низ Европа додека глуми анти-ЕУ револуционер?

– Кој друг, освен тој и Артан Груби, успеа да добие дуќан по таква цена во центар?

Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат. Не можеш да ја плукаш Европа да кажуваш приказни за имеријалистички сили, а да живееш од европски пари. Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници.

Разобличен си лажго кој нарачува најдолни клевети ама нема лутење, толку ти е силна желбата да ме наклеветиш што изгледаш очајно, порано беше по креативен, те расипаа квадратите деловен простор и кешот другар!, пишува во својата објава Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца уапсени за убиството во Кавадарци, МВР со детали
Следна Статија Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев, овој му врати: Дојди и кажи колку публика можеш да донесеш!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија

Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против…

December 13, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција најави дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлијe…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?