Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори
ПОЛИТИКА

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

Објавено June 13, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања биле тема на разговор на 36. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Скопје.

– Во врска со предлог-препораките повторно до израз дојдоа различните погледи и сфаќања. Што се однесува до евентуалните заеднички чествувања се разговараше принципилно, а не по конкретни предлози, соопшти македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Без оглед на различните пристапи и мислења, македонскиот тим од Комисијата, како што нагласуваат оттаму, настојува на проактивен курс, притоа залагајќи се за изнаоѓање конструктивни и одржливи решенија, базирани на позитивните европски практики, со заемно почитување на правото на различна перцепција кон минатото.

На средбата бил потпишан Записникот од 29. средба од февруари 2024 година и беше утврдена динамика за работа во второто полугодие.

Вчера кога беше најавен состанокот на Комсијата, како тема на разговор освен учебниците за седмо одделение во земјава, беше посочена и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев.

-Ќе разговараме за учебниците за VII одделение во Република Македонија и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев, изјави вчера претседателот на бугарскиот тим од Комисијата, Ангел Димитров.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември 2024 година. Претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но, ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден
Следна Статија Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Груби демантира дека е во бегство – Ќе се вратам кај моето семејство

Артан Груби,поранешниот прв вицепремиер на Македонија, преку својот профил на Фејсбук ги демантираше шпекулациите дека избегал од државата. Денеска патував…

December 16, 2024
ПОЛИТИКА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Владата на Христијан Мицкоски ја загрозила егзистенцијата на земјоделците, посочувајќи дека ситуацијата…

April 5, 2026
ПОЛИТИКА

Mицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и по 2028 ќе ја формира следната влада

– И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?