Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов
МАКЕДОНИЈА

Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

Објавено June 13, 2025 19:23
Сподели
Сподели

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура.

Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако, од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.

-Министерството за правда, има помалку од 90 вработени, од 195 предвидени по систематизација. Ова е наследена состојба и сега правиме напори овие места да бидат повторно атрактивни, вели Филков.

За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече дека е ова работа за која сите треба да бидат свесни и да не практицираат дневна политика на грбот на граѓаните, оти вели, ние тие закони, како Министерство за правда ги имаме изработено.

Во пакетот осум закони со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка – Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на ЈО.

Законот за Судски совет е подготвен и доставен на на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР.

Законот за судска служба е доставен во Владина процедура и се врши усогласување на текстот со мислењата на релевантните институции.

Финалниот текст на Законот за јавнообвинителска служба е подготвен од Работната група и во тек се подготвки за објавување на ЕНЕР.

Текстот на Изборниот законик е подготвен од стручните служби во Министерството за правдаП во согласност со препораките на ОДИХР.

Од законите со рок до декември 2025 година, текстот за Законот за кривична постапка е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.

Други закони на кои работи Министерството е и Законот за судови, кој се носи со 2/3 мнозинство, и за кој е формирана работна група која работи на законско решение. 

Законот за прекршоци, како дел од проектот “Безбеден град”, е објавен на ЕНЕР и во тек е усогласување на текстот.

Законот за пробација е подготвен и е во финална фаза пред објава на ЕНЕР, а подготвен е и текстот на Законот за помилување, информираше министерот Филков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори
Следна Статија Меџити: Затворени се 226 онлајн казина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) крвари на многу места“. Ова го рече директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во интервју за…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијката за пожарот во Кочани: Не можам да гарантирам дали судењето ќе трае пет месеци или пет години

Со воведно обраќање на судијката Дијана Груевска Илиевска почна судењето за пожарот во Кочани.Точно осум месеци по трагедијата обвинетите седнаа…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?