Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден

Објавено June 13, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да можат многу полесно да комуницираат, изјави вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

-Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше првпат правен, кога во поранешната држава практично генералот (Васко) Карангелевски практично го пробивал овој пат. Од тогаш до реконструкцијата не беше чепнат најголем дел од патот. Еве го сега завршен, реконструиран и како што кажав во можност да помогне на туристите и жителите полесно да комуницираат, нотираше во обраќањето вицепремиерот, Александар Николоски.

-Пред нас имаме уште големи проекти, оваа Влада е само 11 месеци. Влада која се соочи со огромни проблеми. Седум години имаше пустош во Македонија. Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект, потенцира Николоски.

Натаму додаде:

-Целосно застанат, имаше проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот, дали се однесуваа на лошо проектирање, но влеговме ги решивме проблемите, додаде во изјавата Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри
Следна Статија Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од први септември ќе се возиме со Градски воз“

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени…

April 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Аукција на уметнички дела за настраданите во Кочани

На аукцијата беа претставени шеесетина уметнички дел, од над 140 што се најдоа на изложбата. Аукцијата помина успешно и најголем…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?