Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања
МАКЕДОНИЈА

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања

Објавено November 9, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.

-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог, вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.

Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.

-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.

За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.

-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ГИ ПОКАЖА ИЗВАЈАНИТЕ НОЗЕ: Лепа Брена осамна на насловна на „Вог“ (ФОТО)
Следна Статија Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека по подолг период на административни и правни пречки започнува процесот…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, соопшти предмалку партијата. -Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?