Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!
ПОЛИТИКА

Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!

Објавено February 16, 2026 17:29
Сподели
Сподели

Законот за високо образование е катастрофално лош и бараме да се повлече, порача денес од прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој нагласи дека освен внатре во СДСМ законот бил оценуван и од голем број универзитетски професори надвор од нивната партиска структура и притоа сите без исклучок имале исти забелешки.

„Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма образовен тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите, отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди. Со една реченица, класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата. Прашање е дали ваква форма на закон може да се поправи со амандманска расправа и затоа дозволите ми е една по една да ги образложам овие забелешки.

Прво, во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата. Со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот, односно кај владата, и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите. Преку членовите од 198, 199 201 министерот станува најмоќна фигура во високото образование, со можност да укинува одлуки на универзитетски органи.

Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13 наместо да ја штити институционалната независност отвара механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата.

Второ, дискриминација на младите и партизација на кадарот. Тоа што законот го нуди на некој начин е гробница за младите асистенти, додека создава привилегии за веќе пензионирани професори. Член 175 практично создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори.

Додека младите наставници и асистенти се соочуваат со рестрикции, автоматски исклучувања и несигурност, пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица, ќе се протеруваат од државава најдобрите умови.

Трето, практично се нуди закон во којшто науката станува луксуз само за богатите. Зошто? Поради тоа што се наметнуваат строги критериуми за публикации со импакт фактор, без државата да обезбеди стабилно финансирање на науката, фондови за објавување, истражувачка инфраструктура и институционална поддршка притоа квалитетот се сведува само на бројки.

Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот, да може да се развива научни истражувачката работа па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови, тогаш ако се поднесува во оваа форма во Собранието ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор, да се слушне нивниот глас за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира“, порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азески ги поддржа превозниците
Следна Статија Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта

Од СДСМ велат дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Над 40% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со проблемите во општините, а 40,1% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за случувањата во земјава и за…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Наместо ХАОТИЧНО градење секоја нова градба ќе биде системски планирана

Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?